Од денес ќе има намалување на казните во сообраќајот, бидејќи Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци, според кој казната на физичкото лице не може да биде поголема од 250 евра, а за правните лица казната ќе зависи од тоа дали се работи за мало, средно или големо претпријатие.
Исклучок за казната на физичките лица, каде тие можат да бидат поголеми од 250 евра, би било доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Заради тоа, казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.