Фотографката Арбнора Мемети синоќа на својот Фејсбук профил објави фотографија направена во модуларна болница во склоп на Инфективната клиника во Скопје . На неа се гледа како пациент кој е сместен во модуларната болница со отворен прозор има директен контакт со лице од надворeшна страна. Бидејќи прозорите на оваа привремена болница се ниски, членовите на семејствата на заразените пациенти го искористуваат ова можност за посета.
“Патиме од несовесноста!
Надвор сончев убав ден, а пациентите од мобилната болница си ги отвориле прозорите за луфтирање. Бидејќи прозорите на оваа привремена болница се ниски, членовите на семејствата на заразените пациенти го искористуваат ова можност за посета.
Седев три часа пред инфективна, и не знам колку групи на семејства дојдоа за посета пред прозорот, блиску еден до друг си прават муабет, маска под нос, дури и главата си ја пикаат внатре за да видат како изгледа болницата.
При чекање надвор ја сретнав една сестра на пауза, ми раскажуваше колку е уморна, и коку многу работа имаат. Ја прашав дали е во ред ова што го прават пациентите, ми одговори дека не успеваат да држат све под контрола, и дека ова е однос на несовесни пациенти и семејства “ напиша Арбнора Мемети на Фејсбук.