Дваесет и седумгодишно момче од Куманово заразено со Ковид-19 почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдуваат од Министерството за здравство.
Според информациите од таму пациентот немал хронични заболувања, освен покачена телесна тежина.
-Пред да биде донесен на Клиниката, шест дена се лекувал дома, четири дена бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина,- велат од Министерството за здравство.