Бројни колеги и пријатели му оддаваат почит преку социјалните мрежи на глумецот Данчо Чевревски, кој вчера почина на 69 години.
“Мојот божији татко отпатува на некое подобро место. Неговите досетки и итроштини засекогаш ќе останат да живеат…Ти благодарам што од студент до последните наши средби ме куражесе и ми даваже ветер во грб….Патувај куме и нека ти е светол патот кон вечниот дом…Последната фамилиарна средба беше на венчавката на Кристијан,па така мислам дека со оваа фотографија е достојно да те испратиме сите од семејството Георгиевски за која ти засекогаш ќе останеш централна личност ….Солзи сами течат ,прости ми куме. Почивај во мир легендо.Искрено сочусто до фамилијата Чевревски од Петар Георгиевски – Камиказа со семејството“ напиша на својот Фејсбук профил Перо Георгиевски – Камиказа.
# Глумците не умираат“, напиша Драган Спасов Дац.
,,Чевре мојот професор,колега и другарпочивај во мир“-се прости Весна Петрушевска.
Инаку, Данчо Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери, а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес.