“СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 Е ИСКЛУЧИТЕЛНО СЕРИОЗНА“ – предупредува претседателот Пендаровски

by Тони Зографски

Претседателот Стево Пандаровски, по состанокот на Советот за безбедност, се обрати пред јавноста, апелирајќи да се почитуваат сите мерки за заштита од корона вирусот, зошто ситуацијата, како што рече, е исклучително сериозна.

-За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме значителен број на заболени, а бројот на оние чии животи згаснаа исто така е во пораст. Сведочиме дека и најравиените земји и најбогатите економиии тешко излагаат на крај со оваа ситуација. Не барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во овие 8 месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки, јасно е дека не постојат мерки кои се применуваат во други држави, а кај нас не. Разликата е во нивото на почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции- рече Пендаровски кој апалираше сите да ги почитуваат протоколите и драстично намалување на дружбите и собирите, за себе и за своите најблиски.

останати вести