Контроверзната Русинка Елена Малишева физијатар и автор на популарната руска емисија “Да се живее здраво”, позната е по својот остар јазик, јасниот став и можеби малку непромислените изјави со кои честопати ја навредува публиката.
Последниот пат тоа го направи пред неколку денови, изјавувајќи пред милионскиот аудиториум дека жените постари од 50 години се вишок на овој свет… Откако разбесна многумина, Елена го појасни својот став.
“Жените сами себеси си го скратуваат својот животен век. Жените треба да раѓаат, а не само да јадат. За жал, понежниот пол обожава сам себеси да го копа гр-обот со виљушка и лажица”, рече Елена, која е познат заговорник на вежбањето, правилната исхрана и оптимална телесна тежина.
Водителката јавно ги искритикува жените на возраст од 55 до 57 години, бидејќи според статистичките податоци тие главно ја пополнуваат бројката во групата на најдебелите луѓе.
“На крајот сфатив дека поради дебелината си заминуваат претерано голем број луѓе од овој свет”, вели Елена алудирајќи на тоа дека ако некому не му е мил животот, и поскоро себеси си се тр-уе со прекумерна храна, тогаш според нејзиното мислење, па и не заслужува да живее долго.
Светската здравствена организација предупредува дека голем број жени после својата 45.годишна возраст имаат голем проблем со својата телесна тежина.
Елена охрабрува навремено секој да се позанимава со тој проблем и да остане активен и “здрав” член на општеството.
Инаку, Елена има 59 години и многу води сметка за здравјето и линијата.