Шест години затвор за екс началникот на УБК, Тони Јакимовски

by Тони Зографски

Шест години затвор за Тони Јакимовски како ексначалник во УБК, кој беше и шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, пренесува „360 степени“.

Затворска казна од четири години за Стево Маџовски, кој бил вработен во УБК, а ослободителна пресуда за уште една вработена во оваа Управа, Кристина Јосифовска.

Ова е пресудата од Судечкиот совет во предметот кој се однесува на проневера на пари од спец касата во УБК. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Инаку, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во август минатата година. Тоа беше против четворица вработени во УБК, но првообвинетиот, Петре Пешовски, на првото судско рочиште во октомври 2019 призна вина и доби три години затвор.

Јакимовски, Маџовски и Пешовски, обвинителството ги обвини за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јосифовска, која доби ослободителна пресуда, ја гонеше за помагање во истото дело.

останати вести