“ВАКЦИНАТА НЕМА ДА ДЕЛУВА НА СЕКОГО“: Британската докторка Кејт Бангам не е оптимист

by Тони Зографски

Членката на британската работна група за изработка на вакцина, Кејт Бангам, рекла дека првата генерација на вакцина против коронавирус веројатно нема да биде совршена и “дека можеби нема да делува на секого”, пренесува “Reuters”.

“Меѓутоа, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина против коронавирус. Важно е да не бидеме претерани оптимисти”, рекла Бангам за “Lancet Medical Journal”.

Таа рекла дека првата генерација на вакцината против Ковид-19 “можеби би можела само да ги намали симптомите на инфекцијата, а тоа не е гарант дека е биде делотворна за секого”.

“Многу, дури би рекла и потенцијални вакцини против коронавирус би можеле да бидат неуспешни. Фокусот на вакцините е да го зголеми имунолошкиот одговор кај лицата постари од 65 години”, додала Бангам.

Таа заклучила дека капацитетите за глобално производство на вакцина “не одговараат на потребите а милијарда дози, колку што бараат речиси сите земји од светот, па дури ни за Велика Британија нема доволно можност да се направат доволно вакцини”.

останати вести