Поранешниот началник на СВР Велес, велешанецот Игор Ангеловски почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на ковид-19 -објави Батали.нет. Ангеловски бил хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври. Откако состојбата му се влошила, една недела подоцна тој е транспортиран на Инфективната клиника во Скопје, каде што синоќа починал. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина.
Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес. Имаше 41 година.
Инаку, Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули годинава, како предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.