Тестот што постхумно беше направен на пратеникот Амди Бајрам покажал дека тој бил позитивен на Ковид-19.
Бајрам беше тестиран посмртно, откако денеска во болницата „Жан Митрев“ бил донесен починат.
Пред две недели, Амди Бајрам во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија.
Претходно изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбата која првично беше закажана во ресторан во Шуто Оризари.