ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО СРЦЕТО: Почина Амди Бајрам

by Тони Зографски

На 64-годишна возраст почина поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам.

Тој беше долги години претседател на партијата Сојуз на Ромите.

Од неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) за Канал 5 јавуваат дека тој починал поради проблеми со срцето во болницата Жан Митрев а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.

Инаку, минатата недела Амди Бајрам во Турција направи свадба за неговата внука.

останати вести