“ВАСИЛ ИМАЛ ХРОНИЧНА АСМА, А СОСТОЈБАТА ПРЕКУ НОЌ МУ СЕ ВЛОШИЛА“: Детали за битката на пејачот Ангов со короната

by Тони Зографски

По компликации од коронавирус, вчeра почина познатиот музичар, пејач Васил Ангов.

За „Фокус” доктор Саше Олумчев од ЦЈЗ Гевгелија, појаснува дека Васил починал во приватна клиника во Скопје, а пред тоа се лекувал дома. Дури третиот тест, покажал дека е позитивен на вирусот. Музичарот имал хронична асма, а состојбата преку ноќ му се влошила. Откако неговата состојба се влошила, бил хоспитализиран.

-Се уште ги немаме официјално сите детали околу настанот, но ситуацијата е доста сериозна. Покрај Васил, уште две лица од Гевгелија синоќа ја изгубија битката со корона вирусот, и сите се отприлика на негова возраст. Лошо е, мора да се почитуваат мерките за заштита максимално. Поради некои кои грубо ги кршат мерките и не веруваат во вирусот, еве се случува луѓе кои се чувале, да заминат преку ноќ, – рекол Олумчев за Фокус.

останати вести