Манекенката и актерка Ајрленд Болдвин (25) реши да ја искористи сопствената популарност на социјалните мрежи, и на свој начин да ги охрабри Американците да излезат во голем број на избирачките места.
Атрактивна русокоса во дворот на луксузната вила во Лос Анџелес направила серија провокативни фотографии на кои позира топлес. Таа ги покрила брадавиците со налепници со натписот „Јас гласав“, а на Инстаграм напишала: „Гласањето е кул, исто како и непропорционалните гради“.
Инаку, ќерката на холивудските актери Алек Болдвин и Ким Бесинџер во петокот го прославила својот 25-ти роденден, и иако масовните собири се забранети заради пандемијата на коронавирусите, манекенка и актерка го прославила со неколку блиски пријатели на вечера.