Професорот Вело Марковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа истакна дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми на ковид-19.
– Ако е чисто ковид, мора да се оди симптоматски. Да не се оди со лекови за кашлање, за искашлување. Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата. Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да е оцени кое време се ставаат на респиратор – рече Марковски.
Марковски смета дека ова сега што почнува со голем број на позитивни случаи, можеби е почеток на епидемија, и дека ова досега не било епидемија. За него било апсурдно да се носат такви карантински мерки со затворање кои донеле повеќе штета.
– Апсурдно беше да се носат такви мерки како затворање, карантини, вонредни состојби, си направивме огромна штета. Ова што почнува сега можеби е почеток на вистинска епидемија, ова до сега – не беше – смета Марковски за кого носењето на маска на отворено е штетно и објасни зошто е тоа така.
– Исфрламе милијарда микроорганизми со кивање. Сега ние одеднаш правиме нова состојба. Не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме. Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме. Имаме проблем со децата. Ајде кога возрасен не може да диши, ќе ја трне маската, ама детето не може, и тука настанува проблем. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам – рече Марковски.
Тој објасни како да се разликува коронавирусот од обичен грип.
-Треба да ги разликува науката, но не само кај нас, туку во речиси држави нема некоја силна инфектологија, и не се вклучени луѓето кои се најстручни во горнореспираторни инфекции. Најголемиот проблем сега ќе прави грипот и обичната настинка. Аденовирусите се најпрви на листата, па доаѓаат риновирусите, а коронавирусот се четврти на листата. Над 200 риновируси даваат обична настанка. Нормално е во сезоната да имаме 3-4 епидемии со риновируси и аденовируси. Риновирусот на пример нема температура и не бара отсуство од работа – рече Марковски.