Ситуацијата со ширењето на коронавирусот е сериозна и загрижувачка ситуација и најмногу зависи од граѓаните како ќе ја поминеме зимата. До бројката од 1.000 новозаразени на ден ќе стигнеме без проблем, доколку има можност да се тестираат повеќе. Инаку, мојата проценка е дека реално има по 2-3 илјади заразени. Но, проблем е што се полнат болниците, оценува доктор Никола Пановски во изјава за МКД.мк.
Во врска со најавите за нови мерки, вклучувајќи и носење маска на отворено, Пановски вели дека не се суштински и дека тоа не е битно. Според него, досегашните мерки се сосема добри.
“Битно е дека мерките не беа лоши, требаше само да се најдат механизми за нивно почитување. Контрола, освен дома, секаде можеше да се направи. И да се изрекуваат поголеми казни. Можеше да се контролираат повеќе текстилните работници, во јавниот превоз на пример се ставаат камери, па се јавува ако не се почитуваат мерките. Што се однесува до собирањата, веќе сум кажал дека за тоа треба карантин, 14 дена во некој хотел на сопствен трошок. А споредна работа е дали некој на улица носи или не носи маска, тоа нема никаква врска со ширењето, вели Пановски.
Маски, според него, треба да се носат таму каде што не може да се избегне гужва. Главно е, додава, да се натераат луѓето да ги почитуваат сегашните мерки. А од другите мерки важно е да може да се казнува веднаш, да може да се затвори угостителски објект и сл., а полицискиот час, само ноќе, е единствениот начин да се контролираат младите.
Целото интервју прочитајте го на МКД.МК