Еден од најпознатите британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против овој вирус не е ефикасна.
Тој рече дека неколку потенцијални вакцини се во завршна фаза на клинички испитувања, но верува дека ниту една нема да може да го искорени вирусот.
Според него, идејата за трајно искоренување на коронавирусот е погрешна затоа што само еднаш успеала – искоренета е само сипаница, благодарение на високо ефективната вакцина.
„Вирусот најверојатно ќе продолжи да циркулира и да стане ендемичен“, рече Валанс, член на Националниот комитет за стратегија за безбедност во Лондон.
Тој потсети дека развојот на вакцината досега трае во просек десет години и дека никогаш не се случило да се направи за помалку од пет години. Тој претпоставува дека вакцината нема да биде достапна за голем број луѓе до пролетта.
Неколку вакцини за коронавирус се развиваат низ целиот свет, а во меѓувреме 40 милиони луѓе се заразени со тоа. 1,1 милиони луѓе починале од почетокот на пандемијата, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, пренесува CNBC.