Плус сајз манекенката, Ешли Грахам ја покажа зачудувачката фигура додека позира целосно гола пред огледало.
Само девет месеци откако го роди синот Исак, 32-годишната манекенка на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која ги покрива градите со рака и не носи ништо друго освен нараквица со дијаманти.
„Голема гола девојка“, напиша таа под фотографијата што собра над милион лајкови.
Освен што ги покажа своите облини, Ешли откри и тетоважа со хороскопски знак Шкорпија.
Фановите испратија бројни комплименти, но имаше и такви на кои им пречеше зборот „голема“.
„Гола убава девојка“, „Не гледам ништо освен убава, природно заоблена жена во полн сјај“, „Гола нормална девојка“, „Совршенство“, се само некои од коментарите.
Неколку часа подоцна, Ешли сподели и фотографија на која позира топлес со синот, сопругот и вработените кои биле со неа на породувањето.
Инаку, Ешли е една од оние жени кои не се срамат да откриваат лични работи на социјалните мрежи. Таа често објавува разголени фотографии и ја истакнува важноста на љубовта кон себе и прифаќање на своето тело.