Поранешниот пратеник Амди Бајрам направи свадба за внуката Перихан на брод во Истанбул со 600 гости, од кои 200 од Македонија.
Синот на Амди, Габриел, татко на неверстата на својот Фејсбук профил во живо пренесуваше дел од атмосферата.
Во центарот на внимание билд Амди, на кој специјално му се пееја песни. „Деспасито“, “Математика“.., беа дел од многуте песни на кои се веселеа сватовите.
Невестата на главата носела венче кое се полнеше со пари, а евра летаа и на музиката, која на гостите им ги исполнуваше желбите…
Инаку, Амди Бајрам минатата недела не успеа да направи свадба за внуката, поради пандемијата со Ковид 19. Веселбата закажана за 11-ти октомври во ресторан во Шуто Оризари беше откажана, поради забраната за организирање свечености.