Возило „фолксваген” со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес, после патарината Петровец.
Како што потврдија од МВР, незгодата се случила во 21:15 минути, а возачот и совозачот не се повредени. Поминале само со гребнатинки, но причинета е материјална штета на возилото.
Според портпаролот Ивица Илиевски, по укажаната медицинска помош возачот и совозачот биле пуштени на домашно лекување.
Поради дивата свиња, сообраќајот доцна синоќа одредено време бил во прекин.