КАКВА Е ТАА СВАДБА НА КОЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГРА И ТРАЕ ДО ПОЛНОЌ: Младоженец од Карловац со писмо до властите

by Тони Зографски

Огорчен младоженец од Карловац упати писмо до надлежните власти со прашање дали тие знаат која е таа свадба која трае до полноќ и на која не смее да се игра, како реакција на новодонесените мерки во Хрватска во однос на свадби и веселби.

Тој го упатил мејлот на три адреси, на Штабот за граѓанска безбедност во Карловац, хрватскиот завод за јавно здравство и Центарот 112, пишува локалниот КАпортал од Карловац.

„Се женам овој викенд и ги читам вашите новодонесени мерки за свадби. Искрено мене ме интересира дали некој од вас воопшто бил барем на една свадба, каква е таа свадба која трае до полноќ и на која не е дозволено да се игра“, го започна своето обраќање младоженецот кој утре се жени.

Тој пишува дека веќе имаат поставено шатор позади куќата за прием на гости, а откри и дека било купено цвеќе, нарачана храна и пијалоци.

„Ве молам, кој ќе ги подмири тие трошоци, бидејќи со вашите мерки можеме се тоа да фрлиме, пишува младоженецот и додава дека 60 отсто од гостите му откажале присуство.

„Ве молам за здрав разум, бидејќи сите психички ќе се разболеме“, напиша младоженецот, а пренесе Индекс.хр.

останати вести