Сопругата на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, веднаш се огласи на социјалните мрежи откако беше објавено дека нејзиниот сопруг е заразен со коронавирусот.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави скриншот од видео-разговор со Кристијано и му испрати силна порака:
„Ти си мојата инспирација!“, напиша Георгина.
Пораката ја објави откако од португалската репрезентација потврдија дека Роналдо е заразен со ковид-19.
Инаку, Роналдо е во добра здравствена состојба, нема никакви симптоми и веќе е во изолација, а останатите репрезентативци на Португалија се негативни на тестирањето пред утрешниот натпревар.