Карло Акутис, кој починал од леукемија кога имал 15. години, во 2006. година, бил длабоко религиозен љубител на компјутерски науки од Милано, а самошто во Ватикан беше прогласен за локален светец.
Карло бил обично момче, но со своето знаење им помагал на епархиите да создадат свои веб-страници, потоа создал интернет-изложба за верски чуда од целиот свет, додека ноќе посетувал бездомници, секој ден одел на миса а џепарлакот го дарувал на католичките добротворни организации.
Тој е првиот миленијалец што е прогласен за светец, наречен „Божји инфлуенсер“ (Божји влијателен) а неговото тело е зачувано и презентирано на јавноста. Карло е и првиот светец кој има профил на Фејсбук, преку кој ја ширел својата длабока вера, пренесува Кориере.
Отсега па натаму, секоја година на 12 октомври во Ватикан ќе се слави комеморативна миса во негово сеќавање. Во 2019 година, папата Франциско го пофали како пример за младите генерации на дигиталното време, на кои им се заканува стапицата „да бидат преокупирани со самите себе“, како и опасноста од „изолација и залудно задоволство“.