По долго и тешко боледување, на 80 годишна возраст почина пејачот на народна музика Бора Дрлјача.
Борислав Бора Дрлјача роден е на 29. Август 1941 година, а во последните неколку месеци бил повеќе пати хоспитализиран, и неколку пати опериран.
Бора успеал да сними околу 400 песни, беше еден од најпопуларните пејачи во Југославија и продал повеќе од пет милиони плочи и касети.
Настапуваше по целиот свет, а најмногу во САД, Канада, Аустралија и Западна Европа. Исто така вреди да се напомене дека Боро Дрлјача дека беше одликуван со награда за животно дело.