Андре Луи Аизиер, првиот сопруг на француската прва дама Брижит Макрон, на кој по разводот му се изгубило секаква трага, починал во месец декември минатата година, открива нивната ќерка Тифен Озиер во колумна на „Paris Match“.
Андре Луис Озиер и Брижит Макрон се венчале во 1974 година, тие добиле три деца Себастијан, Лоренс и Тифен. По години семејна среќа, бракот влегол во бурен период откако Брижит, тогашна наставничка по книжевност се запознала со ученикот Емануел Макрон.
Таа со својот ученик многу разговарала за книжевноста и театарот, а помладиот Макрон признал дека нешто чувствува кон неа. Иако чувствата биле взаемни, Брижит имала семејство кое што не сакала да го остави, па нивната врска со Макрон била дисктерна.
За крајот на нивниот брак пресудил Андре, кој што поднел документи за развод, а го завршиле во 2006-та година. Следната година Брижит се венчала со Макрон.
По разводот од Брижит, Андре одлучил целосно да се повлече. Пред претседателските избори во 2017-та година, новинарите се обиделе да најдат некаква трага од него за да добијат некое интервју, но никој не успеал во тоа.
Дури и веста за неговата смрт долго била чувана во тајност, сè до 8-ми октомври кога неговата помлада ќерка Тифани во колумна открила дека поранешниот сопруг на првата дама на Франција починал кон крајот на минатата година.
„Татко ми е мртов. Го закопавме во најстрога тајност на 24 декември. Го обожавав, тој беше посебно суштество, неконформист кој ја ценеше својата приватност повеќе од сè. Тоа мора да се почитува“, изјавила Тифен.
Поранешниот сопруг на француската прва дама бил погребан на гробиштата Пјер-Лашез во Париз, познати како вечно почивалиште на Џим Морисон и Оскар Вајлд.