Бразилската манекенка Елоиса Пинто Фонтес (26) која била на насловните страници на списанијата „Elle“ и „Grazia Glamour“ и била заштитно лице на кампањата Долче и Габана е пронајдена како талка дезориентирана во фавелата Моро до Кантагало во Рио де Жанеиро една година откако исчезна во Њујорк.
Според локалните медиуми, таа била целосно дезориентирана и полугола, а полицијата ја пронашла по дојавата дека непозната жена со денови шетала по фавелата. Кога погледнале во ранецот што го имала со себе, биле пречекани со изненадување. Покрај документот, ранецот содржел договори со странски модни агенции и препораки од меѓународни фотографи.
Последен пат била видена минатата година во Њујорк, градот каде што живее и работи. Сепак, тоа не било нејзино прво исчезнување. Минатата година никој не знаел каде се наоѓала пет дена, но била пронајдена на триесетина милји од Менхетен. После овој нас, нејзината успешна кариера почна да пропаѓа.
Од 2014 до 2016 година, Фонтес била во брак со 38-годишната руско-романска манекенка Андреа Бирлеану, но двете имале лоша репутација поради насилно однесување. Двојката има седумгодишна ќерка, над која Бирлеану има старателство.