Македонскиот пејач Џон Илија Апелгрин преку својот Фејсбук профил остро ја осуди мерката за забрана за настап на музичарите во угостителските објекти.
“Во цивилизирани држави (не оваа) кога се носат рестриктивни мерки кои тангираат одредени стопански, културни, спортски гранки, во исто време предлагаат и мерки со кои ќе им се помогне.
-Нашите политичари не убедуваа дека изборите се за подобро справување со кризава, а откако завршија, си заминаа на одмор. На одмор беа и оние кои требаше да ги подготват техничките услови за спроведување на школската година во школите.
-Напорно е да се води политика, мора да одморат луѓето. И сите тие не забораваат освен платата и надоместоци за трошоци да подигнат, од парите кои ние им ги даваме.
-Министерот за здравство не знае дека свадби не организираат музичари, не ја викнал својата колешка со италијанско скијачко искуство да ја посети инфективна и во очи да ги погледнат роднините на пациентите, туку нас не вика?
-Државата ги плаќа инспекторите кои треба да вршат контрола на локалите. Тоа што системски потфрлиле значи дека треба полицијата или инспекторите да се казнат бидејќи не си ја завршиле работата. Како може музичарите да бидат виновни?
-Дали само некој цреп може да помисли дека 55 децибели е добар репер за галама во угостителски објекти? Па во канцеларии е над 70 децибели.
-ЈСП наместо да ги триплира автобусите како би се разретчил бројот на патниците кои мораат да користат јавен превоз, тие ги пакуваат ко сардини (но во автобус не вирее вирусот)
-Во исто време се договара отварање граници…мој заклучок е дека некој е глуп, а отсега генерално ќе го викам касап“, напиша Џон Илија Апелгрин.