Изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дадена во интервјуто на Телевизија 24 во која иронично ги повика музичарите и угостителите да протестираат пред инфективната клиника, наиде на жестоки реакции кај припадниците на оваа фела но и на социјалните мрежи.
Еден од многуте кои реагираа на оваа изјава е и тапанарот Златко Михајловски Бумбар, кој на својот Фејсбук профил го праша министерот Филипче дали ако музичарите се свадбари значи дека хирурзите се касапи?
“Почитуван” министре, после ваква изјава во најмала рака се очекува оставка, повлекување од јавноста и наведната глава! На кого тоа вие му се обраќате? Дали воопшто знаете што е тоа музичар? Најверојатно не, според вашите изјави дека никогаш не сте посетиле музички настан. Со ваква безобразна изјава не само што ги ставате сите музичари во ист кош туку и паушално ги посочувате како виновници за нечија болест, а при тоа велите се заразиле “најверојатно” на нашите “свадби”!?!?! А како тоа се заразиле луѓе на свадби, нели се забранети свадби, нели сте министер во владата која што треба да ги спроведува законите,мерките и останатите ваши повраќаници? Ако не сте информиран мизичар е и Влатко Стефановски, и Тоше Проески, и Симон Трпчевски….. Ако се музичарите свадбари тогаш што сте вие хирурзите, касапи??? Едно време дури и ве ценев како разумен човек….моја грешка,“ напиша тапанарот Златко Бумбар Михајловски.