Кејт Мидлтон е секогаш совршено облечена, а никој не знае колку всушност војвотката од Кембриџ мора да внимава на нејзината облека, па дури и за долната облека.
Секси градници и танги не доаѓаат во предвид за Кејт и другите членови на кралското семејство – барем на јавни настапи. Неодамна беше откриено дека тие тогаш мора да носат посебно боди. Станува збор за „подсукња“ која скоро го покрива целото тело.
Благодарение на специјалниот материјал и таа „подсукња за цело тело“, облеката на дамите со плава крв се прилепува, односно спречува подигање на сукњите и фустаните кога дува ветер.
Дека не секогаш функционира, докажа и веќе споменатата принцеза Кејт. Имено, пред неколку години нејзиниот задник беше јасно видлив кога фустанот се крена, поради хеликоптерот кој се најде во близина. Фотографите беа многу задоволни.