Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ со сопругата Александра е во брак од 2001 година, и таа не се експонира јавно. Можеби една од причините е токму скандалот што се случил во тоа време.
– Поминав и искусив многу во мојот живот. Еднаш сопругата беше нападната со нож од страна на фан и исечена на лицето. Сандра избега, малку беше исечена, за среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но сè уште го паметам. Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, бидејќи не е изложена, не е од таков тип, а исто така мислам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста – рече Чола во едно интервју.
Тој објасни дека во овој случај, среќата во несреќата била што неговата сопруга не била љубоморна, па драмата завршила брзо.
– Жена ми реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно влијае на неа. Таа го доживува како добро и убаво, како нешто што е дел од мене. Таа публика е со мене со години и ме поддржува во она што го работам. Верувам дека таа може да биде среќна само за тоа – рече пејачот.
Инаку, Александра е професорка по географија, посветена е на семејството, и голема поддршка е на својот сопруг со со која има две ќерки, Уна и Лара.