Кејтлин Јозвијак (12) од Ајви, Џорџија, починала од срцев удар, најверојатно предизвикан од вошки. Против родителите е поднесена кривична пријава, а се разгледува можноста за покренување на обвинение за убиство, со оглед на тоа што, меѓу другото, занемарувањето на детето доведе до негова смрт.
Се верува дека девојчето имало проблем со вошки повеќе од три години. Родителите не презедоа ништо за да ја спречат инфекцијата, што доведе до анемија кај малата Кејтлин и на крајот срцева слабост.
Девојчето пораснало во куќа полна со мачки, а со тоа и болви, вошки и измет. По трагедијата, Центарот за социјална работа го посетил домот на девојчето, а работничката напишала шокантен извештај во кој, меѓу другото, изјавува дека „такво нешто во животот не видела“.
Во Центарот за социјални работи веќе биле запознаени со случајот на Кејтлин, бидејќи мајка ѝ сакала да ја даде на посвојување, но по раѓањето со сопругот одлучиле да ја задржат. Социјални работници неколку пати го имале посетено домот на Јозвијак, а во 2018 година Кејтлин привремено била дадена на чување на нејзината тетка поради лошите услови за живот, но таа по недела дена ѝ ја вратила на родителите. Од тогаш никој од Центарот не ја посетил, а во извештајот по нејзината смрт социјалната работничка опишува дека „никогаш во животот не видела такво нешто“.
Кети Хортон и Џои Јозвијак, мајката и таткото на девојчето, изјавија дека малото девојче не сакаше да се бања десетина дена пред смртта.
-Телото на детето беше пронајдено на душек со штетници. Соседите велат дека не ја виделе во дворот последните два месеци. Тие се сомневаат дека детето најверојатно било во лошо здравје – објави полицијата.