Камила Ванеса Кордиеро паднала во кома после операција на која и претходел мозочен удар, а кога се разбудила по 78 дена ја дознала веста која дополнително ја шокирала, пишува британски „Сан“.
Нејзиниот сопруг, со кого се венчала во 2013 година и со кој има еден син се вљубил во нејзината мајка.
-Мојата мајка одела кај мене дома за да им помага на сопругот и на синот додека јас бев во болница. Во тие четири месеци додека се борев за живот, сопругот ме посетил два пати, а мајка ми еднаш. Татко ми ми ги раскажа вестите откако се разбудив. Оттогаш не можам да повеќе да ја нарекувам „мајка“, вели Ванеса.
Нејзиниот сопруг бил десет години постар од неа, но разликата во годините никогаш не им пречела. Како и да е, додека Камила била во кома, тој сфатил дека повеќе го интересираат постари дами, па започнал да флертува со нејзината мајка и меѓу нив се родила љубов.
“Скоро ќе умрев а ме предадоа. Тие ја славеа својата врска додека бев во болнички кревет”, вели Камила.
Открила дека синот сега се гледа со таткото неколку пати неделно, но смета дека не е добро детето да биде изложено на отровна ситуација. Повеќе нема контакт со нејзината мајка.
“Нашата врска отсекогаш беше разнишана, но сега е непостоечка. Мајка ми е само 20 години постара од мене и секогаш се натпреваруваше со мене во сè, уште од кога бев тинејџерка таа сакаше да има сè како мене”.
Камила открила и дека сега има нов партнер и дека е фокусирана исклучиво на него, нејзиниот син и татко и.
„Оставив сè грдо зад себе“, заклучила таа.