Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска го слави својот 48 роденден, заедно со својот син Калин, кој е роден на истиот ден.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци!“, напиша Димитров на Фејсбук.