ДОДЕКА СОПРУГАТА СПИЕЛА: Маскирани разбојници се обиделе да влезат во домот на докторот Вело Марковски

by Тони Зографски

Неколку маскирани лица вчера се обиделе да влезат во домот на познатиот доктор а од неодамна и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски со намера да извршат кражба.

Според информациите, во моментот во домот на Марковски била неговата сопруга и нивното малолетно дете. За среќа не била причинета никаква штета.

-Полицијата информира дека вчера околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека на ул. „Мариовска“ додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот,-  велат од МВР.

Инаку, Вело Марковски од неодамна тој е избран да биде член на највисокото партиско тело на опозицијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

останати вести