Лекарите постојано се жалат дека се во опасност и се соочуваат со напади од пациентите и од членови на нивните семејства, тие веќе не се безбедни ниту од нивните колеги доктори.
Еден таков случај имало вчера во кумановската болница, кога бил нападнат докторот Шукри Фазлиу. Фазлиу вели дека бил нападнат и навредува од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик, пренесува Алсат.
Фазлиу тврди дека причина за нападот било тоа што не примил на лекарски преглед роднина на лекарот Исуфи.
“Во 8:15 часот мојот колега дојде од дома. Бев на должност во мојата канцеларија, тој ја отвори вратата со нога, ја тресна силно и влезе во мојата канцеларија. Ме фати за врат, му реков, колега што е работата, што направив?! Ми рече – ти се јавив и не ми одговори. Му реков дека нема да одговорам, јас сум на службена должност и се грижам за пациентите во одделот. Бев во опасност. Избегав од мојата канцеларија имав отворен прозорец. Колегите не треба да се плашат од колегите, ова е без коментар, немам коментар за вакво однесување од колегата“, изјави Шукри Фазлиу, доктор.
Докторот Илбер Исуфи ги негираше ваквите тврдења на Фазлиу. Тој вели дека само побарал објаснување зошто не го примил пациентот кој чекал скоро еден час.
“Влегов во неговата канцеларија на нормален начин, а тој арогантно ме нападна и ми рече да излезам надвор и ме навредуваше. Не е точно дека бил нападнат, изненаден сум. Постојат докази дека пациентот чекал 45 минути и не му била дадена помош. Чистачката и медицинската сестра барале да го повика пациентот, но тој рекол – ќе го чекам следниот лекар. Чекал 45 минути и повторно морало да замине во приватна ординација“, изјави Илбер Исуфи, доктор.
Фазлиу пак, вели дека случајот бил пријавен во полиција, каде дал исказ за напад на работното место. Фазлиу вели дека поради главоболки и болки во градите и вознемиреност бил хоспитализиран и добива лекарски третман.