Контроверзниот американски рапер Канје Вест кој беше отфрлен од трката за претседател на САД, а неодамна се сврте кон религијата и повеќепати зборуваше за тоа како „го прифатил Исус за свој спасител“, секојдневно ги изненадува своите фанови на Твитер со објавувањето на икони.
Имено, денес во неговите објави осамна и иконата на основоположникот на Македонската православна црква Свети Климент Охридски, како и уште 40-тина православни икони.
Според објавените икони, освен Свети Климент Охридски, посебен впечаток на него оставиле и иконите на Исус Христос, Богородица, Архангел Миахил, Свети Ѓорѓи….
Инаку, раперот е верник во Евангелистичката црква, неговата сопруга Ким Кардашијан е од православна вероисповед, а нивните четири деца се крстени според православните обичаи.