Европските влади ќе ги плаќаат обесштетувањата што ја надминуваат границата договорена со АстраЗенека за можните последици од нивната потенцијална вакцина против Ковид-19, изјави европски претставник за Ројтерс.
Договорите ги одразуваат различните стратегии на овие водечки глобални производители на лекови кога станува збор за одговорност за можните последици од вакцините насочени кон ставање крај на пандемијата.
Британската компанија AstraZeneca доби поддршка од Европската унија на таен договор, бидејќи барале пониска цена за нивната потенцијална вакцина, изјавило официјалното лице.
„Ако некоја компанија побара повисока цена, ние не даваме еднакви услови“, изјавило службеното лице кое учествувало во преговорите, но не сакало да биде именувано бидејќи договорите се тајни.
Неочекувани несакани ефекти откако лекот ќе добие регулаторно одобрување се ретки, но поради брзината со која се развива вакцината против Ковид-19, ризиците се поголеми.
Договорот со AstraZenecа, со кој што се префрла дел од ризикот на вакцините кај даночните обврзници, е договорен со Европската комисија во август, но одредбите за одговорност досега не се познати.
Според договорот, AstraZeneca ќе плаќа судски трошоци само до одредена граница, рече официјалното лице. Тој не сакал да каже како остатокот од трошоците ќе се подели со одделни земји-членки или колку ќе биде ограничувањето.
Финансискиот „штит“ ќе ги покрие судските трошоци и можната отштета, потенцијално многу поголема сума во случај нешто да тргне наопаку.
Француската компанија „Санофа“, која соработува со „ГлаксоСмитКлајн“ во развојот на вакцината, не се согласи за ваквите услови затоа што барале повисока цена.
Портпаролите на АстраЗенека, Санофи и Европската комисија одбиле да ги коментираат деталите за договорот.
Запрашан за релативно ниската цена на вакцината, портпаролот на АстраЗенека го повтори ветувањето на компанијата дека нивната вакцина ќе биде широко достапна и дека не планира да оствари профит од неа во време на пандемијата.
Според договорот со компанијата, земјите-членки на ЕУ се согласиле да плаќаат 2,5 евра по доза, додека Санофа се договорила за цена од околу 10 евра, рече официјалното лице.
Ова се единствените договори за вакцините против Ковид-19 што Брисел досега ги потпишал.