Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин, вчера прославиле три години од нивниот брак. Пријателите на пејачката споделиле фотографии од нивната венчавка.
Каролина со Михаил се венчаа на 23 септември, 2017 година во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец. Свадбата беше проследена од будното око на јавноста иако беше од затворен тип.
Тие организираа венчавање со матичар и свадбена забава на необична локација, во еден од воените хангари на аеродромот Стенковец, специјално приспособен за оваа пригода.
Голем број од домашните јавни личности беа поканети на забавата, а дел од нив и запеаја.
Претходно, Каролина и Михаил се свршија во Париз во мај, неколку дена по нејзиниот роденден.
Инаку, Михаил Корубин е син на дизајнерката Лиле Корубин и на уметникот Рубенс.