По скоро 40 години, една од најдобрите светски поп групи АББА ќе снима нови песни. Нејзините членови, Агнета Фалтског (70), Бјорн Улвеус (75), Бени Андерсон (73) и Ани-Фрид Лигстад (74), наводно, се обединиле во студиото „Илинг“ во Лондон за да работат на холограмската турнеја, „АББАтар“ од 13. милиони евра.
Турнејата е планирана за 2022. година, а секој член ќе заработи речиси по три и пол милиони евра од неа. Пред настапите што ќе одбележат половина век од нивното основање, Швеѓаните следната година ќе издадат пет нови песни.
Тие песни требаше да бидат објавени минатата година, но поради техничките потешкотии и пандемијата на короната, сè беше пролонгирано.
Песните, вети Улвеус, ќе бидат објавени во 2021. година а ќе ги изведат на холограмската турнеја.
Инаку, пред речиси две години Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, Агнета Фелтског и Ани-Фрид Лингстад соопштија дека снимиле две нови песни – I Still Have Faith in You и Don’t Shut Me Down, кои ќе бидат дел од проектот „Аватар турнеја“. Тие во тоа време изјавија:
„Одлуката да се оди напред со возбудливиот проект – турнеја на аватарите во АББА – имаше позитивни последици. Сите четворици сметавме дека, по 35 години, би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио за снимање“.
Шведскиот бенд имаше девет број еден хитови во Велика Британија помеѓу 1974 и 1980 година и продаде стотици милиони албуми во целиот свет. Фановите повеќе од 3 децении чекаат нови песни од бендот.