Eдна од најпознатите изведувачи во светот денес, Алиша Кис во интервју за „The Guardian“ открива дека нејзината музичка кариера ја спасила од дрога и проституција!
„Јас сум личноста која не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16 години или зависничка од дрога. Јас сум токму таа која требаше да се најде на погрешно место во погрешно време“, изјави пејачката во едно интервју.
„Во периодот кога започнав да ја лансирам својата музика во светот, тоа воопшто не беше тренд. Сите радио станици мислеа дека сум некоја 40-годишна џез пејачка, а всушност имав 19 години, носев плетенки и доаѓав од Харлем“, рекла Алиша.
Израснала во населбата „Hell’s Kitchen“ на западната страна на Менхетен во Њујорк и се присети на ситуации од 80-тите години.
„Сè беше полно со порнографија, а проститутките беа на секој чекор на секоја улица“, вели Алиша.
Вели дека местото каде што израснала играл голема улога во нејзиниот моден израз низ годините.
„Јас секогаш носам нешто прешироко, темно и се обидувам да се скријам од луѓето. Кога ќе облечам нешто во светли бои, имам чувство дека луѓето може да почнат да ме допираат“, вели Алиша која имала навистина бурно детство, а денес е една од најуспешните жени во светот!
Инаку, Алиша Кис (39) на светската музичка сцена се појави во 2001 година кога со песната „Fallin’“ си обезбеди место на сите топ листи и влезе во друштвото на најпопуларните ѕвезди. Пејачката во март 2020 година ги објави своите мемоари наречени „More Myself: A Journey“.