Данската национална телевизија како дел од шоуто Ултра покажа петмина возрасни лица целосно голи,додека позираат пред учениците од основните училишта од Копенхаген.
Шоуто е замислено да биде од едукативен карактер, а децата имале можност да видат голи луѓе од различен пол, возраст и форма. Родителите требало да потпишат согласност пред децата да учествуваат во шоуто, а учениците на возраст од 11 до 13 години биле запознаени со содржината на шоуто, кое имало за цел да им објасни на децата дека нема ништо срамно во човечкото тело.
Децата имале можност да поставуваат прашања и биле заинтересирани за работи како тетоважи, човечка коса и интимни делови од телото.
Сите деца можеле да го напуштат снимањето во кое било време, доколку се чувствуваат непријатно од која било причина, но сите 250 деца биле присутни до крајот, објаснија продуцентите на шоуто.
Сепак, овој начин на едукација на малолетни лица не им се допадна на сите и започна дискусија, како во таа земја, така и на социјалните мрежи.