Еден од водечките германски виролози, професорот Хендрик Штрек, директор на Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон, зазеде став кога станува збор за најпознатите тези или изјави на темата коронавирус.
1. „Вирусот воопшто не е толку опасен, опасноста ја надувуваат медиумите, политичарите и научниците“.
Штрек: Тоа не е точно! Сите досега спроведени студии, како што се оние во САД, кои имаат тенденција да сугерираат помала смртност, како и други студии кои сугерираат поголема смртност, јасно покажуваат дека смртноста од коронавирус е дефинитивно поголема од онаа на обичниот грип. Ние во округот Хајнсберг (едно од првите жаришта на пандемијата во Германија) откривме дека коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од сезонскиот грип. Сепак, секогаш треба да се земе предвид во кој дел од популацијата се врши тестот. Тоа е вирус кој треба сериозно да се сфати, но повторно не треба да се драматизира.
2. „Политичарите и медиумите презентираат драматични податоци за бројот на заразени на дневна основа. Но, јас не познавам некој што имал договор со Ковид-19“.
Штрек: „Па, да речеме, две лица во моето потесно семејство имале коронавирус“
3. „Многу луѓе умираат во Италија или САД. Не тука. Има нешто сомнително!“
Штрек: И, ние во Германија умираме од коронавирус. Во Италија и САД, инфекцијата се шири многу брзо. Значи, голем дел од населението се заразило и на тој начин болниците брзо ги достигнале границите на нивниот капацитет. Вирусот навлезе таму во области каде што постои голем ризик пациентите да умрат од вирусот. Во Германија, успеавме да ги ослободиме овие области од вирусот.
4. „Во последно време имаше толку големи протести против мерките за корона. Дали имаше ненадејна појава на заразени после тоа? Не!“
Штрек: Протести се одржуваа надвор каде можноста за пренесување е помала. Покрај тоа, тешко е да се заклучи дали оние што, на пример, беа на протестите во Берлин и се вратија во своите градови заразиле многумина. Полесно би било да се извлечат заклучоци доколку сите демонстранти доаѓаат од ист град, пишува Дојче веле.
5. „Овие вакцини се многу опасни и ја напаѓаат нашата ДНК. Покрај тоа, тие само и служат на фармацевтската индустрија за да заработат уште повеќе пари“
Штрек: Овие тези се недвосмислено неточни. Вакцината не напаѓа гени, односно ДНК. И РНК вакцините работат преку генерирање протеини од нив. Ние самите ги немаме овие ензими. Тоа можат само некои ретровируси. Затоа една вакцина не може да фати ДНК. Фармацевтската индустрија, се разбира, заработува на вакцини. Но, она што здравственото осигурување го троши годишно на вакцини е само 0,3 проценти од потрошеното за лекови воопшто. Значи, буџетот за вакцини е мал. Покрај тоа фармацевтската индустрија треба да заработи пари за вакцината, бидејќи во спротивно не би можела воопшто да истражува.
6. „Досега вирусот мутирал многу пати, така што вакцината воопшто не би помогнала. Или, како и со грипот, секоја година треба да се вакцинираме од нов вид“
Штрек: Ова не може да се каже со сигурност. Вирусот мутира, но не толку силно како кај обичниот грип. Дали треба да се вакцинира на крајот од секоја година, сè уште не можеме да кажеме бидејќи вакцините сеуште не постојат.
7. „Мерките на корона-режимот се целосно претерани. Сакам да си ја вратам слободата“.
Штрек: Знаеме дека мерките како носење маски, држење на растојание и миење раце помагаат и спречуваат инфекции. Покрај тоа, овие мерки придонесуваат за фактот дека ако некој е заразен со вирусот, тој се заразува со многу помал број на вируси, па симптомите во неговиот случај се многу послаби. Дозата на вирусот е клучна. Значи, овие мерки се грижат и за поблаг тек на болеста.
8. „Вирусот потекнува од лабораторија во Кина или е пуштен ненамерно“
Штрек: Многу е малку веројатно дека овој вирус потекнува од лабораторија. Од една страна, такво нешто, колку што знам, воопшто не е направено. Значи, не работиме на создавање нови вируси затоа што е премногу опасно. Од друга страна, потеклото на вирусот не може да се утврди. Тој ги нема гените што нормално ги наоѓаме во природата. Исто така, морам да кажам дека лабораториите како оние во Кина содржат многу безбедносни брани низ повеќе простории низ кои вирусите или бактериите не можат случајно да поминат воопшто. Но, тоа е тешко да се докаже. Но, исто така е тешко да се докаже спротивното.
9. „И да се заразам: Јас сум млад и сум во полна сила. Ако се разболам, ќе добијам само благи симптоми“
Штрек: Статистички гледано, младите се разболуваат со благи симптоми и честопати сè оди без никакви симптоми. Значи, статистички гледано, ова е вистина. Но, се случува младите да се разболат со тешки симптоми, па дури и да починат. Забележани се многу такви случаи.