Од вчера попладне, од профилот на Емилија Малите Палавковци на Фејсбук се споделува статус во кој се вели:
“ Имам 48 часа да се снајдам со пари, да си го видам кучето повторно живо и здраво.
Се работи за Атиџе!
Тргна за Англија но не стигна таму, никогаш. Прво ја земаа на унгарска граница во карантин. Океј. После карантинот седеше затворена со денови во една гаража во Суботица, додека организирам друг превоз. И организирав, си ибав мајката! Српски транспорт специјализиран само за превоз на скапи кучиња кои ги продаваат низ светот. Цената плафон ама многу ми беше и хитно и битно за кучето. Се’ изгледаше блескаво и профи. Тргнаа, 5 кучиња и 1 мачка. И Атиџе меѓу нив, јас пресреќна.
Некаде пред Австрија му се губи траг, 10 дена го нема човекот никаде. Недостапен, никој не може да го добие.
Завршува во затвор во Германија, превезувал дрога со кучињата. Од тука почнува вистинската агонија. Он во затвор, кучињата во шелтер. Наоѓаат документи во колата, не контактираат, доаѓа адвокат и неколку дена работи на случајот. Судот носи одлука дека кучињата можат да излезат од таму, адвокатот си ја наплаќа услугата. Јас праќам човек од МК да ја земе Атиџе од Германија и да продолжи за Англија, убедена дека се е завршено. Човекот оди таму ги товари кучињата, го придружува полиција до излез од Германија и уште 4 контроли до Австрија да не случајно ги исфрли некаде по пат. Сега повторно кучињата се одземени, не дозволуваат да ја напуштат Европа затоа што биле во контакт со дрогата и подлежат на медицински испитувања.
Имам 48 часа да соберам одреден износ за да може да ги платам ветеринарните трошоци.
Јас веќе останав без денар, без сон и мир. Кучето е ослабено, истрауматизирано, не личи на себе. Прв пат добив слики од неа пред три дена.
Ве молам, можете ли да споделете и да помогнете во спротивно кучето ќе ми биде одземено засекогаш.
Вакви работи ми го кратат животот и крајно после ова ќе се запрашам дали вреди. Можеби за прв пат сериозно ќе се преиспитам. Пеј пал: Ivaspasovska@gmail.com“ напиша Емилија на Фејсбук.