Струмичката полиција во денешниот билтен објави дека дрво што го сечел селанец од Мокрево паднало над неговата сопруга и таа починала на самото место.
Трагедијата се случила вчера околу 09.30 часот во атарот на селото, поточно во нива на место викано „Длабока“.
Д.Н. сечел дрва, едно од дрвата паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место.
Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.