По кратко боледување, рано утово почина Драган Чубриќ (67), долгогодишен новинар од Охрид – објави порталот охриднет.
Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период работеше и како уредник во локалната ТВМ телевизија, сопственик на порталот „ОhridLive“, последните години беше дел од тимот на „SDK“.
Негова пасија беа малите модели на авиони, беше претседател на Аерооклубот „Охрид”. Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството, како доследен и професионален новинар од „старата гарда“ , кои беа основоположници и чувари на достоинството на професија.
Погребот ќе биде утре во 12 часот на градските гробишта во Охрид.