Властите во сицилијанската општина Корлеоне одлучија да ги затворат училиштата до 1 октомври, а баровите и рестораните можат да бидат отворени најдоцна до 22 часот, откако осум граѓани беа позитивни на ковид-19. Меѓу заразените е и медицинска сестра која работи на одделот за геријатрија, која е примена во болница со акутни симптоми на инфекција, пишува весникот „Ил фато Котиано“.
Преземени се строги мерки откако било утврдено дека сите заразени присуствувале на венчавката на 12 септември, на која присуствувале 250 гости. Меѓу гостите на свадбата имало триесет деца. Локалните власти се обидуваат да ги идентификуваат и тестираат сите што биле на венчавката. Како претпазливост, мерките за карантин ќе бидат применети во две соседни општини, бидејќи некои жители на Корлеоне работат таму како наставници. Општина Корлеоне има 12.000 жители и се наоѓа на 54 километри оддалеченост од Палермо. Корлеоне стана познат низ целиот свет како место каде се одвива дејството на познатиот американски филм „Кум“, во режија на Франсис Копола, според романот на италијанскиот писател Марио Пузо.
Филмот е приказна за мафијата и семејните врски кои се протегаат и се одржуваат од Сицилија до Америка.
Денес, туристичките агенции во Корлеоне нудат обиколка на местата прикажани во филмската трилогија.