Матичниот лекар Ненад Лазаров, преку Фејсбук статус се осврна на неодговорното однесување на своите колеги.
Тој ги криткуваше сите кои одат и се сликаат во кафана во време на пандемија, а следниот ден наутро прегледуваат пациенти.
„Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА. И има да ве ставам на ѕид на срамот од сега па лутете се, ако можам да седам ја дома, може секој од вас! Па уште се сликаат без маска без ништо, идиоти, нели ви е страв, ако ништо друго од реакција на јавност, сабјлето треба пациенти да прегледувате..“, напиша Лазаров.