Хрватската пејачка Нина Бадриќ последниве месеци само ужива во летото, што е подолго оваа година од вообичаеното. Таа е на море од јули, а со своите обожаватели споделува фотографии на Инстаграм скоро секој ден.
Пејачката ужива во својот дом на Хвар, а со свои најнови фотографии ги потсети обожавателите на познатата серија „Baywatch“. Имено, Нина воодушеви во црвениот костим за капење позирајќи на палуба на бродот.
„Како и секоја река, одам на свое море …“, напиша таа во описот на едната фотографијата, додека под другата напиша:
“Не ме интересира што другите мислат за мене. Им се допаѓам на комарците“:
„Не коментирам често, но кога ќе видам дека некој знае како да ужива во животот и сепак му оддава почит на нашето море … тоа е мојот врв, колку од нас живееме покрај море и колку не го почитуваме и не знаат како да уживаат во тоа. Нина, честитки!“, напиша еден фан.
https://www.instagram.com/p/CEjDWGalmv9/?utm_source=ig_web_button_share_sheet