Активистот и претседател на движењето „Трета“ Љупчо Палевски попладнево бил претепан пред неговиот дом. Според порталот Нетпрес, тој е во критична состојба во една приватна клиника, а лекарите се борат за неговиот живот.
Информацијата дека тој е претепан ја потврдуваат и од „Трета“ кои преку Фејсбук информираат за инцидентот.
– Палчо претепан од двајца на мотор пред куќа. Облечени со црно, со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава. На 55-годишен ли бе? Упатен е кон болница со брза помош,- се вели во објавата.