Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ги пушти своите ќерки во градинка, каде, како што напиша, Дариа и Михаела ќе ги учат првите букви и песнички.
„Почнуваме во градинка : ) за почеток насмеани. Дариа и Михаела во градинката “Гонџа” (Карпош), заедно со другарките ќе ги учат првите букви, песнички, но и тоа дека треба да го почитуваат авторитетот на учитеките. Со среќа куклички!“ напиша Милошоски на Фејсбук.