Новинарот на “New York Post” Мајкл Барон пишува дека карантинот бил оргомна грешка.
„Карантинот секако беше нешто ново. Како што пишува романописецот Лајонел Шрајвер: “Никогаш претходно не сме реагирале на зараза со затворање на цели земји”. Азискиот грип од 1957 до 1958 усмртил 70.000 до 116.000 Американци, односно од 0,4 до 0,7 проценти од Американската популација. Хонконшкиот грип од 1968-ма до 1970-та година убил околу 100.000 луѓе“, пишува Мајкл Барон.
Понатаму, додава дека досега коронавирусот во САД однел 186.000 животи.
Смета дека бројката сигурно ќе расте, но отприлика е иста како и во текот на споменатите епидемии на грипови, а за помладите од 65 години коронавирусот е помалку смртоносен од грипот.
„Сепак, тогаш немало ни национални карантини, ни масовно затворање на училишта, компании, фабрики, ресторани и училишта. Зошто денес ставовите се толку различни: Можеби имаме повеќе доверба во делотворноста на владите. Ако јавната политика може да влијае на климатските промени, може и да го сузбие вирусот, продолжува Барон. Освен тоа, не сме многу склони на ризик. Децата не смеат да пешачат до училиште, спортистите исчезнале од игралиштата, студентите се штитат од микроагресијата. Имеме “безбедносен начин на размислување”, како што Џонатан Хаидт и Грег Лукијаноф пишуваат во книгата “The Coddling of the American Mind”. Така веста за тоа дека “Ковид-19” усмртил десетина луѓе и ги преоптоварил болниците во Бергамо предизвикала бегство кон безбедноста и ограничувања. Многу Американци престанале да одат во ресторани и работници дури и пред локдаунот во март и април“, наведува тој.
Претераните проекции на некои епидемиолози, кои биле професионално заинтересирани за предвидување на пандемијата, предизвикале барања за делување на националните влади.